Машина за чистење подови SC4500E

Машина за чистење тврди подови Blancus SC 4500 е Вашиот идеален партнер за чисти подови! Силен, мобилен, робустен,  се склоп на ефикасни особини кои ќе ви овозможат одлични резултати и воедно ќе го направи чистењето на подовите детска игра. Доколку барате електрична машина со напојување со кабел за површини до 1600 m2, тогаш оваа машина е сигурен избор за вас!

Ширина на чистење (четка) 450 mm
Капацитет на чистење (теоретски) 1600 m² / h
Резервоар за чиста вода 40 l
Резервоар за нечиста вода 35 l
Притисок на четката 25 kg
Напон 220 V
Ширина на дизна за смукање 760 mm
Нето тежина (само машина) 45 kg

Темелно чистење

Со притисок на четката од приближно 25 kgBlancus SC 4500 C овозможува длабинско и ефикасно чистење на сите типови подови. Работната ширина од 450 mm обезбедува брзо покривање на површините, додека капацитетот на чистење од 1600 m²/h ја прави машината идеална за динамични и ефикасни операции.

Континуирана работа и ефикасност

Бидејќи се напојува директно преку кабел, оваа машина овозможува непрекинато чистење без потреба од паузи за полнење. Со максимална работна брзина до 4 km/h, овозможува прецизно управување, а способноста да совлада нагиб до 3% овозможува пристап и до накосени подни површини.

Сигурност и квалитет

Blancus SC 4500 C е симбол на сигурност и издржливост. Со мотор за усисување од 700 W (230V) и мотор за четка од 550 W (230V), машината обезбедува постојани и одлични перформанси во секојдневна употреба. Вкупната тежина изнесува 45 kg, при што отсуството на батерии ја прави полесна за одржување.

Идеална за различни простори

Со соодветен капацитет на резервоари за чиста и валкана вода, Blancus SC 4500 C е совршено решение за чистење на простори од 800 m² до 1600 m² на час. Без разлика дали станува збор за мали, средни или големи површини, машината нуди одлични резултати со минимален напор и без грижа за полнење батерии.

Scroll to Top